Тијаго Силва си го одржа ветувањето, целиот терен го помина на колена (ВИДЕО)

Еден од најголемите бразилски клубови, Флуминенсе, минатата ноќ успеа да избори опстанок во бразилската Серија А победувајќи го Палмеирас со 1-0 во последното коло.

Сигурен во дефанзивата на Флуминенсе беше Тијаго Силва. Клубот со оваа победа заврши со четири бода над зоната за испаѓање.

По натпреварот се случи необична сцена, славниот Тијаго Силва целиот терен го помина ползејќи на колена, на крајот со многу емоции со глава ја допре тревата.

Ова беше негово ветување кон навивачите дека ќе го направи доколку Флуминенсен обезбеди опстанок.

Тоа е знак на разочарување што тимот не се бореше за високите позиции туку се најде во ситуација да се спасува од испаѓање во лигата. Силва покажа поданост кон своите фанови.

Бразилецот кој беше вистинска ѕвезда во Милан, ПСЖ и Челси сега е во клубот од своето детство за кој игра со многу емоции.