Чаир падна во Битола, Пелистер им се врати на победите!
Гостите од Чаир имаа водство само во почетните минути, а потоа Пелистер го наметна своето темпо, па по првата четвртина битолскиот состав водеше со девет поени разлика (22-13)
Во првите моменти од вториот период, Пелистер за првпат во натпреварот поведе и со двоцифрена разлика, но потоа следуваа подобри минути на Чаир кој се врати на само „минус еден“ (25-24).
Сепак, завршницата од втората четвртина припадна на домашните кошаркари, па така на пауза заминаа со 40-32.
Пелистер констатно имаше предност и во третиот период, но никако не успеваше да направи некоја посериозна разлика и Чаир се надеваше дека може да го сврти резултатот.
Во последниот период Пелистер влезе со четири поени предност (60-56), а во него гледавме слична игра како и во текот на целиот натпревар. На крајот домашниот тим славеше победа од четири поени разлика.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Бојки со 16, го следеа Мишковиќ и Стајкиќ со по 15, додека на спротивната страна 15 уфрли Кели.
За Пелистер денешниот триумф беше шести во првенството со кои битолчани доаѓаат до 15 бода и петтата позиција на табелата, додека Чаир со 16 е второпласиран пред МЗТ Скопје, додека лидер е ТФТ со 17.
Во вториот натпревар кој се играше денес претходно екипата на Тиквеш на свој терен беше подобра од Вардар со 78-72.