Хамилтон дрифташе за крај на неговата ера во Мерцедес (ВИДЕО)

На денешната трка во Абу Даби Луис, Хамилтон го освои четвртото место и така на еден позитивен начин ја заврши неговата ера во Мерцедес.

Британецот кој во кариерата освои седум титули како што е познато од наредната сезона ќе вози во болидот на Ферари.

Хамилтон во своите последни моменти како возач на Мерцедес не пропушти и да направи мало шоу така што дрифташе предизвикувајќи задоволство помеѓу фановите.