Шампионот гази сè пред себе: Норвешка ја распарчи и Холандија

Ракометарките на актуелниот европски шампион Норвешка славеше и против Холандија со убедливи 31-21 во вториот меч од втората фаза на Европското првенство (ЕП).

Холандија даде отпор само на стартот (3-3), по што Норвешка влезе во одличен ритам и на паузата замина со 15-9. Скандинавската селекција продолжи со доминацијата во вториот дел, додека противникот се мачеше на теренот, па славеше со убедливи 31-21.

Најдобра во редовите на Норвешка беше Камила Херем со шест голови, додека Нусер постигна пет погодоци за Холандија.