Шутерска клиника на Мајами - 24 тројки за тежок дебакл на Леброн и дружината (ВИДЕО)

Мајами Хит му одржа шутерска лекција на Лос Анџелес Лејкерс и го победи со 41 поен разлика (134-93) во натпреварот кој требаше да биде најинтересен во ноќешната програма во НБА.

Тимот од Флорида имаше неверојатен ефект, реализира неверојатни 24 тројки со одличен процент - 51,1. Повеќе од третина од тројките (9) погоди Тајлер Хиро кој натпреварот го заврши со 31 поен. Интересно е тоа што цела екипа на Лејкерс имаше само пет тројки на цел натпревар.

Особено беше интересна третата четвртина во која блесна Хиро и погоди седум од своите девет тројки на натпреварот. Мајами го доби тој квартал си 36-20 и во последните 12 минути влезе со огромна предност 33 поени разлика.

Леброн Џејмс ја прекина серијата промашени удари од дистанца, постигна 29 поени, но сега немаше соодветна помош од соиграчите бидејќи далеку зад него остана Хачимура со 14 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Детроит 130-120
Бруклин - Индијана 99-90
Мајами - ЛА Лејкерс 134-93
Филаделфија - Орландо 102-106
Милвоки - Атланта 104-119
ЛА Клиперс - Минесота 80-108