Темната страна на победата против Олимпијакос: Партизан ги казни своите навивачи
Раководството на евролигашот идентификува неколку лица кои предизвикаа инциденти на дуелот против Олимпијакос меѓу кои и оној што го нападна тренерот Јоргос Барцокас. Нему му е одземен сезонскиот билет, а доживотно му е забрането да седи на места покрај теренот.
Покрај него, две лица добија забрана за присуство на три, односно еден натпревар, на две лица им ги одзеде сезонските влезници поради фрлање предмети во теренот, а на едно му изрече последна опомена.
„Темна страна на победата против Олимпијакос. Кошаркрскиот клуб Партизан се гордее со поддршката на своите навивачи, не само во арената, туку и на улици, ресторано, кина, театри, јавен превоз, училиште... Секаде каде што кошарката може да се спомне. Сепак, границите на дозволеното се јасно поставени и ако сакаме сите да го туркаме Партизан во иста насока, не смееме да губиме разум и да забораваме дека само позитивна поддршка и енергија насочена кон 'црно-белиот' тим може да го однесе тимот на посакуваната дестинација“, се вели, меѓу другото, во соопштението од Партизан.
Белградскиот тим веќе утре го очекува нов натпревар на домашен терен во рамките на Евролигата и тоа против Жалгирис.