Војна во Панатинаикос: Папапетру нокаутирал соиграч и доби суспензија
Американецот од добиените повреди завршил в болница и вчера, иако беше во протоколот, не настапи на дуелот против Маруси. Во екипата не беше ни Папапетру, а тренерот Ергин Атаман по мечот објасни каква е ситуацијата.
„Папапетру ќе биде надвор од тимот извесен период. Тоа е одлука на клубот, а не на тренерот и е донесена врз основа на интерниот правилник“, изјави Атаман.
Сето ова се случува пред „ѓаволската“ недела во Евролигата во која Панатинаикос прво ја пречекува Барселона, а потоа гостува на жешкиот терен во Белград, против Партизан.