Ѓоковиќ со солзи го испрати Дел Потро во пензија (ВИДЕО)
Иако не учествува на турнири од 2022 година, Дел Потро одлучи во ревијален меч против Новак Ѓоковиќ на домашен терен да стави точка, на 36-годишна возраст. Успеа да победи со 2-0 (6-4, 7-5), но конечниот резултат беше најневажната работа од овој спектакл кој заврши со бура од емоции од двајцата тенисери.
Последниот поен го освои со моќен форхенд винер, а пред сервисот, Ѓоковиќ побара сите присутни во арената да станат и да го поздрават својот миленик.
Дел Потро не беше меѓу најуспешните тенисери во својата генерација, но секако беше еден од најомилените. Долго време се мачеше со повреди и, како што вели тој, којзнае што ќе се случеше ако имаше здрави колена кои нема да му откажуваат барем еднаш годишно. Беше еден од ретките кои успеаја да освојат Гренд слем титула во ерата на „големата четворка“, триумфирајќи на УС Опен во 2009 година и тоа со триумф во финалето против Роџер Федерер кој тогаш се наоѓаше во врвот на својата форма.