Стадионот во Тетово затрупан од снег, дербито Шкендија - Вардар - неизвесно!
Снегот кој денеска паѓа во градот под Шара направи проблеми пред стартот на вториот дел од прволигашката сезона, па веќе сега во Тетово има значителна снежна покривка, а за попладнево и вечерва се најавени уште поголеми врнежи. Прашање е дали Шкендија ќе ќе може да го оспособи теренот и да го исчисти, а притоа тој да биде нормален за одигрување на фудбалски меч.
Шкендија го дочекува Вардар во 19-то коло, прво од пролетните 18 рунди во кои влегува со зимница од есенскиот дел од осум бодови, па овој меч може да го одреди текот на вториот дел од сезоната, дали ќе има повозбудлива трка за титулата или прашањето за првакот ќе се реши за само 90 минути.