Пелистер лесно ја победи Струга, Костески се врати на теренот

Пелистер со убедливи 43-25 славеше на против Струга, иако на одморот битолчаните имаа само два гола предност, мечот се играше во Битола, иако битолчани требаше да бидат тие кои гостуваат.

Денешниот натпревар од 13. коло меѓу Струга и Пелистер се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола откако Струга побара да гостува поради проблеми во салата „Нико Нестор“ која прокисна.

Струга му даде силен отпор на Пелистер во првото полувреме, битолчани на паузата имаа предност од само два разлика, беше 19-17 за нив. Но, вториот дел беше поинаква приказна. пелистерци дадоа дури 24 голови, а стружани само осум. Конечниот резултат беше 43-25.

Овој меч го одбележа и враќањето на македонскиот репрезентативец Ненад Костески кој поради сериозна повреда на коленото долго паузираше и конечно се врати.

Костоски се покажа во одлично издание, даде шест голови, поефикасни од него беа Кузмановски со девет и Цехте со осум голови. Во тимот на Струга, Мијушковиќ постигна шест.