Историски успех на Вестбрук - прв играч со 200 трипл дабл натпревари (ВИДЕО)

Денвер Нагетс првпат победи без Никола Јокиќ во своите редови, триумфирајќи на гостувањето кај Мемфис со105-90.

Србинот очекува принова во своето семејство, па го пропушти третиот натпревар по ред, но неговото отсуство конечно имаше кој да го пополни. Најефикасен беше Џамал Мареј со 27 поени, Портер додаде 24, а Браун 19. Сепак, приказна на денот е ветеранот Расел Вестбрук кој го искористи поширокиот простор и дојде до историско достигнување.

Тој е првиот играч во постоењето на НБА лигата кој ја мина границата од 200 трипл дабл натпревари. Против Мемфис постигна 12 поени, 14 асистенции и 10 скока и само го подобри својот рекорд во оваа статистичка категорија.