Милано има сериозни проблеми со составот за европското деби на клупата на Вардар

Вардар вечерва со почеток од 20:45 часот му гостува на Валур во Исланд во рамките од петтото коло на Европската лига на ЕХФ.

За новиот тренер на Вардар, Гиљермо Милано ова ќе биде европско деби на клупата на црвено-црните. Тој веќе го водеше тимот на еден меч од македонската Суперлига.

Вардар го доби убедливо мечот со Валур во Скопје, тогаш славевме со 33-26, но подоцна исландскиот тим покажа мускули кога на домашен терен ремизираше со Порто.

Македонскиот тим само со победа ќе остане во игра за второто место, а проблем за да дојде до неа ќе биде и ослабениот состав кој на располагање ќе го има Милано.

Вардар на вечерашното гостување ќе биде без пикерот Милан Лазаревски, голманот Мигел Еспиња и искусниот лев бек Вуко Борозан, во составот не се и Ален Ќосевски, Томче Стојановски, Марио Стојановски и Кристијан Стаменковиќ. Деби ќе имаат голманот Марко Богдановски и десното крило Мигел Пинто.