Сан Марино прекина серија долга 20 години и испиша историја во Лига на нации
Една од најлошите селекции во светот во минатото не можеше да се пофали со добри резултати, но во ова издание во Лигата на нации направи огромно изненадување.
Интересно е тоа што патот кон повисок ранг им го отвори токму првата победа против Лихтенштајн која се случи на 5 септември годинава, по што надежите се намалија во октомври кога екипата беше поразена од Гибралтар. Сепак, во следното коло ремизира против истиот ривал и со нов триумф против Лихтенштајн го обезбеди врвот во групата.
Сан Марино по четири одиграни кола во групата 1 од Д-дивизијата го освои првото место со седум бодови, а зад себе го остави Гибралтар со шест и Лихтенштајн со два поени.