На управата ѝ „пукна филмот“: Обрадовиќ доби отказ!

Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на Монако, информацијата ја потврди и клубот од Кнежеството.

Монако откри и кој ќе го замени привремено на клупата на црвено-белите. Обрадовиќ доби отказ по поразот од Ле Ман во првенството на Франција и тоа беше негов четврти пораз во ова натпреварување, додека во Евролигата е на скор од шест победи и четири порази.

Разделбата со Обрадовиќ, Монако ја потврди преку клупско соопштение.

„Монако одлучи да се раздели со својот тренер Саша Обрадовиќ. Тој го водеше тимот од 2020 година и од самиот почеток даваше се од себе. Придонее за две шампионски титули во Франција, освоен Куп и пласман на фајнл-фор во Евролигата, додека двапати беше и во најдобрите осум од ова натпреварување. Името на Саша Обрадовиќ засекогаш ќе остане запаметено во историјата на нашиот клуб. Менаџментот му се заблагодарува на се што направи досега.

Него ќе го замени Манучар Маркошвили кој е поставен за привремен тренер“, стои во соопштението.