Гвардиола донел одлука за својата иднина

Актуелниот договор на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува по крајот на оваа сезона, па чести се шпекулациите околу неговата иднина.

Информациите од Англија велат дека Пеп донел одлука, тој и наредната сезона ќе го води Манчестер Сити.

Клубот му нудеше повеќегодишен договор, но Гвардиола не го прифаќа, им рекол дека ќе потпише само продолжување за уште една сезона.

Во наредниот период се очекува тој и формално да ја продолжи соработката со актуелниот шампион.