Миовски: Целта беше да го освоиме првото место и го остваривме тоа

Бојан Миовски завршува како најдобар стрелец на македонската репрезентација во Лигата на нации откако денеска го постигна третиот гол во овој циклус.

По долгиот пост, тој влезе во одлична серија што е одлично и за него со оглед на периодот на адаптација и сушата на клупско ниво, како и фактот што претстојат квалификации за Мундијалот. Фудбалерот на Жирона не го криеше задоволството по завршувањето на мечот.

„Секако дека сме задоволни од овој циклус во Лигата на нации, целта ни беше да го освоиме првото место и го остваривме зацртаното. Беше тешко да се пробие противничката одбрана, но на полувреме се договоривме да останеме смирени, без разлика што ќе се случува. Ете, дојде таа шанса, ја искористив и со тој гол освоивме три бода.

Сите од прв до последен сме горди што го носиме репрезентативниот дрес, играме сите за еден и атмосферата е одлична. Се надевам дека така ќе продолжиме и во квалификациите за Светското првенство“, рече Миовски.