Мото ГП има нов шампион: Хорхе Мартин му ја „украде“ круната на Бањаја (ВИДЕО)
Иако двократниот шампион, Франческо Бањаја, триумфира во Каталонија, тој не успеа да го одбрани својот трон. Италијанецот доминираше од стартот до целта, но пласманот на Мартин беше доволен за да ја потврди неговата шампионска титула. На второто место се пласираше Марк Маркез, кој возеше последна трка за тимот на Гресини пред преминот во фабричкиот тим на Дукати, додека Алекс Маркез го освои четвртото место, завршувајќи пред Еспаргаро и Биндер.
Хорхе Мартин ја прослави титулата на уникатен начин – излегувајќи од кутија со натпис „Мартинатор“, инспирирана од филмот „Терминатор“, што предизвика еуфорија на трибините. Сезоната заврши со Мартин на врвот со 492 поени, следен од Бањаја со 473. Третото место го освои Бастијанини со 377, а четврти беше Марк Маркез со 372.