Избегната трагедија во Амстердам - се јави Унгарецот кој колабираше синоќа

Дуелот меѓу Холандија и Унгарија во рамките на Лигата на нации го одбележа една ужасна сцена кога на член на стручниот штаб на гостинската репрезентација му се слоши и колабираше во почетната фаза од мечот.

Се работи за Адам Салај кому му беше укажана помош, а по кратката реанимација, го изнесоа од стадионот и го однесоа во најбилската болница. Во текот на ноќта, Фудбалскиот сојуз на Унгарија соопшти дека Салај е при свест, а потоа се огласи и самиот стручњак.

„Ви благодарам на многуте пораки, добар сум“, напиша Салај на својот профил на Инстаграм.

Во сенка на овој настан остана дебаклот на Унгарија со 0-4 кој, сепак, нема да има големи последици бидејќи репрезентацијата обезбеди опстанок во А-лигата на нации.