Нов срам на талентите на Канатларовски – втор пораз од Косово среде Скопје!

Новата генерација на Драган Канатларовски, селекторот на репрезентацијата за фудбалери до 21 година, го потврди лошиот старт со вториот по ред пораз во првијателскиот меч со Косово, откако денеска загуби со 0-1 на средбата одиграна на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Ова беше потврд меч од претходниот, кој северозападниот сосед пред три дена го доби со 3-1, а херој во таборот на гостинската селекција беше Аулон Битиќи, кој во 40. минута го постигна победничкиот погодок.

Ова беа први дуели за младинската селекција по лошиот настап во квалификациите за ЕП 2025, во кое завршивме на четвртата позиција со 12 бодови, убедливо помалку од Холандија (30), Грузија (19) и од Шведска (17).