„Против Ѓоковиќ е тешко да се игра, ама Синер...“
И покрај тоа што немаше многу причини за задоволство, Руд е воодушевен од италијанскиот тенисер и начинот на кој игра, па дури посочи дека е потешко да се игра против него, отколку против Новак Ѓоковиќ.
„Мислам дека не е возможно да се споредат, но Синер не му дозволува на ривалот да дише. Против Новак е тешко да се игра, но со него барем може да се разменат удари и нема да бидеш во страв дека тој ќе испрати бомба по паралела или дијагонала. Едноставно, на телевизија не може да се разбере колку брзо игра Јаник“, рече Руд.
Во мечот за титулата, Синер ќе игра против Тејлор Фриц кого веќе го совлада во групната фаза со 2-0. На досегашните четири меча тој не загуби ниеден сет, а последен кој успеал да освои сет против него на официјален меч е Ечевери на Мастерсот во Шангај на 6 октомври.