Фокс за 24 часа постигна 109 поени, само Коби Брајант има повеќе (ВИДЕО)

Сакраменто Кингс има одличен кошаркар во своите редови и тоа го покажа во период од само 24 часа.

Диерон Фокс во петокот вечер постигна 60 поени во дуелот со Минесота, а синоќа броеше до 49 против Јута. Првиот меч Кингс го загубија, но на вториот триумфираа со 121-117 и тоа без Домантас Сабонис и Демар Дерозан. Фокс за 24 часа постигна вкупно 109 поени и остана за еден поен покус од рекордот на Коби Брајант кому најдобро достигнување во толкав период му беше 110 поени, во 2007.

Јута имаше двоцифрено водство во текот на натпреварот и беше на прагот на уште едно големо изненадување, но Фокс не сакаше да дозволи такво нешто. Имаше и помош од Лајлс, Меклафлин и Хертер кои погодија тројки во клучни моменти, а победникот го реши Фокс од линијата за слободни фрлања.

Освен него, добар меч одигра и Хертер кој постигна 18 и Лајлс со 17 поени. Кај Јута, која е една од најлошите во лигата оваа сезона, се истакна Марканен со 25 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Милвоки 115-114
Бостон - Торонто 126-123
Њу Орлеанс - ЛА Лејкерс 99-104
Далас - Сан Антонио 110-93
Јута - Сакраменто 121-117