Џон Џонс со нокаут го пензионираше Стипе Миочиќ (ВИДЕО)

Џон Џонс на УФЦ 309 евентот во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк го нокаутираше Стипе Миочиќ во борбата шампион за тешка категорија. Нокаутот се случи во втората половина од третата рунда откако Џонс доминираше во текот на целата борба.

Уште од првата рунда Џонс тргна агресивно да го руши ривалот и имаше шанси и тука да ја заврши борбата, но Миочиќ успеа да ја дочека следната рунда.

Во втората рунда Џонс му зададе уште неколку тешки удари на Миочиќ кој сепак успеа да дојде и до третата рунда. Тука продолжи притисокот и ударите од Џонс, а еден од тие удар во втората половина беше пресилен за изморениот Миочиќ.

По поразот 42-годишнот Миочиќ веднаш објави и крај на кариерата, а оваа борба за него беше прва по пауза од 1280 дена.