На селекторот на Мексико му ја дупнаа главата со пиво (ВИДЕО)

Во Мексико нема по добро да го паметат натпреварот со Хондурас кој го загубија од 2-0, но во овој дуел со незгода се соочи и селекторот Хавиер Агире.

По завршувањето на натпреварот кога Агире тргна да се поздрави со колегата Реиналдо Руед, кон него долета лименка пиво. Лименката го погоди директно во главата и го раскрвари, па мораше да има и лекарска интервенција.

„Ова е фyдбал и нема смисла да споменувам било што друго. Нема да се жалам, се случуваат вакви работи“, изјави Агире.