Одржан е и последниот тренинг, планот е скроен, победничката низа мора да продолжи (ФОТО)

Македонските фудбалери го одржаа и последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Фарски Острови, атмосферата е позитивна, а целта е јасна - со победа да се заврши овој циклус во Лигата на нации.

Со триумфот над Летонија, Македонија го обезбеди првото место во групата и пласман во Лига Б од Лигата на нации, но не е неважно дали утре ќе победиме против Фарски Острови или не.

Следна цел е бараж за пласман на Светското првенство, а за да дојдеме до него секој бод е важен, па ќе мора и утре да одиме на победа.

Утрешниот натпревар против Фарски Острови се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 15 часот.