Финансиските проблеми се минато: Барселона ќе купи две големи засилувања
Барселона планира во јануари да мирува на трансфер-маркетот, а потоа во летниот преоден рок да ангажира две големи засилувања.
Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на клубот, Жоан Лапорта сака да ги купи Нико Вилијамс и Рафаел Леао.
Вилијамс и минатото лето беше на чекор од Барселона, но реши да остане во Атлетик Билбао уште една сезона.