Фалкао испиша историја: Колумбија немала подобар голгетер од „Ел Тигре“

Колумбиецот Радамел Фалкао во четврток го постигна својот 347 гол во со што стана најдобар колумбиски стрелец во историјата.

Фалкао беше стрелец во натпреварот од колумбиското првенство помеѓу неговиот Милионариос и Бојс Чичо кој заврши со победа од 5-1 на тимот на славниот голгетер.

На вечната листа Фалкао го помина Виктор Хуго Аристзабала, поранешниот репрезентативец на оваа земја кој настапуваше за Атлетико Национал, Валенсија, Сао Паоло и Крузеиро.

За репрезентацијата Фалкао постигна 36 голови и исто така е најдобар стрелец, додека во клупската кариера за Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Ривер Плата, Галатасарај, Рајо Ваљекано и Челси постигна 311 погодоци.

Во периодот во Рајо Ваљекано кој беше негов последен клуб во Европа (2021-2024), Фалкао беше соиграч и со македонскиот голман Столе Димитриевски.