Фудбалерот на Ливерпул ги „откачи“ Србите: Јас сум Шпанец!

Во српската јавност подолго време се шпекулира дали Стефан Бајчетиќ сепак ќе се одлучи да настапува за репрезентацијата на Србија, но тоа нема да се случи.

Младиот фудбалер кој е роден во Виго во интервју за „Марка“ јасно стави до знаење дека Шпанија е негов избор кога во прашање е репрезентативниот фудбал.

„Роден сум во Шпанија, растев во Шпанија, семејството ми е во Шпанија и се чувствувам како Шпанец. Горд сум што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ.

Бајчетиќ во овој момент е под договор со Ливерпул, но настапува како позајмен фудбалер во Сацбург. Тој беше откриен од Клоп минатата сезона, одигра и неколку натпревари за првиот тим, меѓутоа подоцна Ливерпул го испрати на позајмица.

Досега тој настапуваше само за младите селекции на „Фуријата“, а инаку е син на поранешниот фудбалер, Срѓан Бајчетиќ.