Димитријевиќ: Партизан не ми понудил договор - ќе дадам сѐ за да го победам среде Белград!
Вечерва со почеток од 20:30 часот Милано и Ненад Димитријевиќ му гостуваат на Партизан во натпревар од Евролигата.
За нашиот кошаркар ова ќе биде посебен натпревар бидејќи тој бил навивач на Партизан, а имаше и гласини кои го поврзуваа со трансфер во белградскиот тим.
„Никогаш немаше нешто конкретно. Навивав за Партизан. Сакав да играм за Партизан, но никогаш немаше „дојди“. Никогаш не ми беше понуден некаков договор“, вели Димитријевиќ.
„Подготвен сум за вечерашниот натпревар, едвај чекам. Кога излезе распоредот и кога видов дека играме со нив реков „ќе биде наскоро“. Баш сум возбуден и едвај чекам да почне натпреварот и да ја почувствувам атмосферата, посебно е чувството да се игра таму“.
„Мислам дека имаме добра шанса во Белград, на најтешкиот терен, пред најжестоките навивачи да избориме важна победа за нас и да се вратиме на победничкиот пат“.
„Ги следам сите евролигашки натпревари на Партизан кога не играм, односно кога имам слободно време. Овие денови се подготвувавме за нив. Исто како и ние и тие имаат многу нови играчи и уште се адаптираат едни на други. Изгубија некои тесни натпревари кои требаше да ги добијат“.
Целото интервју на Димитријевиќ може да го прочитате на овој ЛИНК.