Аморим го „отпишал“ засилувањето на Манчестер јунајтед од 40 милиони евра
Споредп последните информации португалскиот стратег донел одлука да не смета на летното засилување Џошуа Зиркзе. На негово место Аморим би можел да го доведе неговиот досегашен фудбалер од Спортинг, Виктор Ѓекереш, но на лето.
Зиркзе би можел во јануари да биде испратен на позајмица, а како опција се споменуваше екипата на Јувентус. Сезонава од доаѓањето во Манчестер јунајтед, Зиркзе запиша само две асистенции и постигна еден гол во неговиот прв натпревар.
Сепак, по тој гол на дебито никако не успева да влезе во препознатливата форма со која играше во Болоња минатата сезона.