Фарски Острови ја шокираа Ерменија во Ереван!

Фудбалерите на Фарски Острови приредија изненадување во нашата група и на гостински терен во Ереван ја совладаа Ерменија со 0-1.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи по половина час игра кога Давидсен ја реализираше најстрогата казна и се запиша во листата на стрелци.

Ерменија доминираше од почетокот до крајот на натпреварот за тоа говорат и 25 удари кон голот на гостите, но ниту тоа не беше доволно да постигнат гол.
Фарски Острови од друга страна упати два удари од кои едниот беше пеналот со кој ја обезбедија победата.

На табелата сега Фарски Острови се со шест бода второпласирани, Ерменија остана со четири, колку што има и Летонија. Македонија е лидер во групата со десет бода и со победа против Летонија вечерва и математички ќе го обезбедиме првото место.