Тренира сам и добива месечна плата од над 300.000 евра од Милан

„Газета дело Спорт“ потсети на Дивок Ориги, напаѓачот кој е на платниот список на Милан, но е исфрлен од првиот тим.

Ориги во летото 2022 година дојде во Милан како сериозно засилување од Ливерпул, но не се изнаигра.

Тој во моментов не е дел од првиот тим, беше прекомандуван во резервите, но не се наоѓа ниту таму.

Некои велат дека го виделе во Рим, други во Фиренца, може бил и во двата града, но не е во Милано.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Ориги тренира сам и не ја напушта Италија од даночни причини, не сака да си направи проблем и да ја загуби платата од речиси 4 милиони евра по сезона.