Фудбалер-дух: Има девет трофеи со Реал, двa во ЛШ, а за пет сезони одигра само 32 меча
Иако наскоро ќе наполни 28 години, а член на Реал е девет сезони, стоперот не успеа да се избори за стандардно место во тимот и најчесто беше испраќан на позајмици, па две сезони помина во Гранада, а по една во Сарагоса, Ајнтрахт и Вулверхемптон. Сепак, во оние кампањи кога Реал не го праќаше на позајмици, тренерите мораа да го држат во тимот и повремено да му даваат шанса, особено во кризни периоди кога некои од главните дефанзивци беа повредени.
Така е и оваа сезона, Ваљехо остана на „Бернабе“ и во досегашниот дел од сезоната на теренот помина само 10 минути и тоа против Алавес. Интересно е тоа што по неговото влегување, баскискиот тим постигна два гола и од 0-3, направи 2-3 со што беше доведена во прашање победата на Реал. Капак на се беше саботниот натпревар против Осасуна на кој се повреди Едер Милитао, а Анчелоти не го стави Ваљехо, туку му даде шанса да дебитира на 21-годишниот Раул Асенсио.
За вкупно пет години колку што помина во Реал, Ваљехо одигра само 32 меча во сите натпреварувања, најголем дел од нив како резерва, односно замена. И покрај тооа, може да се пофали со вкупно девет трофеи од кои два во Лигата на шампионите, натпреварување во кое одигра само пет натпревари, со вкупно 205 минути. Му се брои и титулата во елитното натпреварување во 2022 година кога на теренот помина вкупно осум минути од кои три против Шахтјор и пет против Манчестер Сити, а и тие два меча му се сметаат во оние 32 колку што одиграл во кариерата за Реал.