Турците го казнија Мурињо поради неговиот – долг јазик!
Поради тоа, односно поради непристојно однесување кон навивачите на противничкиот тим и контроверзните изјави по натпреварот, португалскиот тренер денеска беше казнет со околу 2.500 евра. Мурињо ги обвини судиите дека го поддржуваат Галатасарај, со оглед што досудија два пенали за Трабзонспор, па Фенер до триумфот мораше да дојде дури во 12. минута од дополнителното време.
Португалецот по натпреварот остро го критикуваше судијата во ВАР собата, Атила Караоглан, нарекувајќи го „невидливиот човек“, кој ја контролирал играта, додека главниот судија го нарече „само дете“. Тренерот на Фенербахче додаде дека не сака повеќе да го гледа Караоглан на нивните натпревари, наведувајќи дека неговите сомнежи за системска пристрасност кон Галатасарај се потврдиле.
„Се бориме против систем кој е во служба на еден клуб“, изјави Мурињо, нагласувајќи дека ова е став на сите навивачи на Фенербахче и додавајќи дека ако ја знаел „целата приказна“, можеби не би се решил да дојде во Турција.