Навивачите на Баерн ќе го бојкотираат натпреварот во Лигата на шампионите

Навивачите на Баерн Минхен ќе го бојкотираат натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите кој нивниот тим ќе го игра против Шахтјор во Гелзенкирен.

Екипата од Доњецк ќе биде формален домаќин во германскиот град, па се очекуваше голема поддршка за Баерн, сепак тоа нема да биде случај.

Влезницата за гостинските натпревари чини 52 евра и тоа навивачите на Баерн кои треба да бидат гости во овој дуел го сметаат за прескапо. За споредба кога Баерн е домаќин цената е 19 евра и тоа е трипати помалку.

„Не дозволувајте да ве лажат и бојкотирајте го натпреварот на гости против Шахтјор“, гласи пораката од навивачите на германскиот гигант.