ТФТ ја доби градската пресметка со Шкупи и остана максимален
Со овој трумф ТФТ по пет рунди остана максимален и е единствен тим со таков учинок во првенството. Почетокот од натпреварот во СРЦ „Кале“ донесе подобра игра на гостите.
Шкупи водеше и во втората четвртина, но ТФТ пред паузата заигра подобро и на одмор за мина со предност од шест поени разлика 40-34.
Каде што застанаа по таа втората четвртина продолжија и по паузата, па набрзо гостите од Тафталиџе стигнаа и до предност од 21 поен разлика со што ја најавија победата.
Шкупи по тоа водство на ТФТ не успеа да се врати и мораше да се помири со поразот.
Арче Шаке од редовите на Шкупи беше најефикасен на средбата со 21 поен, додека за ТФТ 13 псотигна Иван Сапунџиев.