Убедлив пораз на фудбалерите до 17 години и од Шпанија

Македонските фудбалски надежи до 17 години го запишаа и вториот пораз во првата фаза од квалификациите за Европското првенство. По поразот од Исланд, сега Шпанија беше пресилна за македонските фудбалери со убедливи 5-0.

Шпанците ја оправадаа фаворитската улога и доминираа на теренот од почетокот до крајот на натпреварот.

По само половина час нашите македонските фудбалери имаа негатива од 3-0. Нашата мрежа ја погодуваа Кампос, Номоко Туре и Бареирос. Во вториот дел фаворитот само го потврди триумфот со уште еден гол на Номоко Туре и гол на Глатсу.

По два натпревари Македонија е без бодови и последна во групата со гол разлика 1-9. Во третото коло кое се игра на 5 ноември ќе играме против Естонија.