Денеска се играа натпревари од 11. коло во македонската Втора лига во кои дербито се играше во Ѓорче каде што гостуваше лидерот Брегалница.

Брегалница допатува на натпреварот како првопласирана на табелата, позиција до која стигна по натпреварите кои се играа во минатото коло, но Ѓорче го напуштија без бодови.

Доќините на свој терен славеа сигуна победа од 3-0 со по еден гол гол во првото и два второто, па така повторно избија на чело на табелата, но со ист број на бодови со Башкими.

Башкими немаше проблеми и ја оправда фаворитската улога портив Осогово славејќи победа од 4-1, па така со Македонија Ѓорче Петров имаат по 26 бода. Брегалница сега е трета со два помалку.

Најефикасниот натпревар денеска го одиграа екипите на Победа и Вардарски кој заврши со резултат 6-2, а до победата прилепскиот тим дојде со пресврт откако прво беше во негатива од 0-2.

ВМФЛ 11. КОЛО:
Арсими - Детонит 2-1
Башкими - Осогово 4-1
Беласица - Кожуф 0-0
Борец - Вардар Неготино 1-2
Македонија Ѓорче Петров - Брегалница 2-0
Новаци - Каменица Саса 0-1
Охрид - Скопје 1-1
Победа - Вардарски 6-2

Табела: Македонија ЃП 26, Башкими 26, Брегалница 24, Арими 23, Охрид 20, Кожуф 17, Беласица 16, Детонит 15, Саса 15, Победа 13, Вардар Неготино 11, Новаци 11, Скопје 10, Осогово 5, Борец 5, Вардарски 2.