УЕФА се закани со тужби: Ние не учествуваме во доделувањето на „Златната топка“

Реакциите во фудбалскиот свет по освоената „Златна топка“ на Родри не стивнуваат.

И понатаму трае полемиката дали фудбалерот на Манчестер сити го заслужи престижното признание пред Винисус Жуниор од Реал Мадрид. 

Делгацијата на Реал Мадрид не се појави на церемонијата бидејќи сметаа дека нивниот фудбалер е ограбен. Но, освен кон организаторите на изборот, критики се упатуваа и кон Европската куќа на фудбналот (УЕФА).

Од УЕФА сега се заканија и со тужби истакнувајќи дека тие немаат влијание во изборот за „Златната топка“.

Категорично отфрлуваме било каква вмешаност во исходот на гласањето за „Златната топка“. Ниту УЕФА, ниту претседателот не објавувале никакви соопштенија и давале коментари за изборот. Ќе го задржиме правото на тужба против сите кои шират вакви лаги и ќе започнеме правна постапка“, стои во соопштението на УЕФА.