Србинот се сели на клупата: Јувентус без Влаховиќ ќе го нападне Удинезе!
Причината не е само нешто послабата форма на 24-годишниот напаѓач, туку и потребата за одмор, бидејќи до сега стартуваше на секој натпревар за „старата дама“.
„Можеби ќе го одмориме Влаховиќ, ќе го оцениме тоа денеска на последниот тренинг. Сепак, во оваа фаза од сезоната играчите не се уморни. Сите добро се и секој од нас мора да даде нешто повеќе. Душан, како и останатите, мора да биде подобар и во нападот и во одбраната“, изјави тренерот Тијаго Мота.
Србинот во последно време е на мета на критики од италијанската јавност поради послабите игри, иако статистиката покажува дека на 13 натпревари во Серија А и Лигата на шампиони оваа сезона постигнал осум голови, што е повеќе од солиден учинок.