Вардар покажа „заби“, но Работнички сепак запиша четврти триумф

Во еден неизвесен натпревар кошаркарите на Работнички славеа победа на гости против Вардар во рамките од 5. коло во македонското првенство 71-79.

Вардар и Работнички одиграа натпревар во кој често се менуваа во водството, а ниту една од екипите во текот на целиот дуел не направи предност поголема од седум разлика.

Првата четвртина им припадна на домаќините кои имаа предност од 20-17, но во втората се променија улогите. Работнички започна да игра подобро, па на одмор тие имаа предност од три поени разлика (39-42).

Направи пресврт и поведе Вардар на неколку моменти во третиот период, меѓутоа завршницата им припадна на гостинските кошаркари, па така пред крајот Работнички дојде до предност по која Вардар не успеа да се врати.

За Работнички ова беше четврти триумф со кој се четврти на табелата во првенството, додека Вардар го претрпе петтиот пораз во исто толку натпревари и е последен на табелата.