И српски фудбалер со девојката меѓу настраданите во ужасната трагедија во Нови Сад!

Србија и целиот регион вчера беа потресени од голема трагедија кога падна надстрешница на железничката станица во Нови Сад, при што животот го загубија 14 лица, а над 30 се повредени.

Меѓу жртвите се и талентираниот фудбалер Милош Милосављевиќ (21 година) и неговата девојка Анѓела Руман (20), соопшти Фудбалскиот клуб Потисје од Книќанин на својата официјална Фејсбук страница.

„Со голема тага и болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви, заедно со својата девојка, го загубија животот во страшната несреќа во Нови Сад. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да бидете заборавени!,“ напиша клубот, додавајќи дека подоцна ќе ги објави деталите за комеморацијата и погребот.

Екипата на Потисје настапува во општинската лига на градот Зрењанин.