Санчо ќе почека за одмазда, го пропушта дербито меѓу Челси и Јунајтед

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо ова лето си замина од Манчестер јунајтед и потпиша за Челси, по што веднаш го покажа својот квалитет и долго време ја чекаше својата шанса за одмазда кон бившиот клуб.

Санчо, сепак, ќе мора да почека малку подолго бидејќи нема да биде во конкуренција за дербито меѓу Манчестер јунајтед и Челси кое се игра на 3 ноември од 17.30 часот на „Олд Трафорд“.

Фудбалерот на Челси сè уште е болен и поради тоа нема да се најде во составот кој ќе излезе во Манчестер и ќе се обиде да извојува победа против „ѓаволите“.

Челси по девет одиграни кола е на петтата позиција со 17 бодови, додека Јунајтед е на 14. место со 11 поени.