Фудбалското лудило зеде нова жртва: Навивач на Арсенал уби навивач на Јунајтед
Додека во неделата играа Арсенал и Ливерпул, тој бурно го прославил израмнувачкиот гол што го постигна Мохамед Салах. Станува збор за извесен Бенџамин Окело кој го следел мечот на јавно место, а при еуфоријата, фрлил пуканки в лице на фан на Арсенал што се нашол во истиот објект.
Тоа предизвикало револт кај навивачот на „топчиите“ кој потоа го удрил Окело со тврд предмет, а овој подоцна починал од тешките повреди. Ова не е прв ваков случај, особено на африканскиот континент каде, очигледно, фудбалот се сфаќа премногу сериозно.