Ван Нистелрој по импресивното деби: Тука сум да му помогнам на Манчестер јунајтед
Јунајтед под водство на Тен Хаг никогаш немаа дадено пет голови на еден натпревар, а под водство на Ван Нистелрој тоа им успеа од првиот пат.
И покрај импресивното деби како прв тренер на Јунајтед, Ван Нистелрој нема долго да се задржи на оваа позиција бидејќи на неа ќе треба да пристигне Рубен Аморим.
„Тука сум да му помогнам на Манчестер јунајтед и давам се од себе за клубот во било која улога“, рече Ван Нистелрој по натпреварот.
„Тука сум да помогнам колку што треба долго да бидам. Во иднина, во било која улога, тука сум да му помогнам на клубот да изгради иднина и тоа никогаш нема да се промени“.
Со ова Ван Нислтерој ја искажа љубовта кон Манчестер јунајтед, но нејасно е дали ќе остане кога ќе дојде Аморим или ќе замине од клубот.