Интер рутински го победи Емполи и се врати на „минус четири“ од лидерот Наполи (ВИДЕО)
Мрежата на домаќините се тресеше по само 19 минути, но тој гол на Дармијан беше поништен поради играње со рака. Проблемите за Емполи започнаа кога по половина ча игра ГГољачи поради груб старт над Маркус Турам заработи директен црвен картон.
Предноста од играч повеќе Интер сепак не успеа да ја искористи до крајот на првиот дел и резултатот по 45 минтуи остана почетниот.
Натпреварот беше отворен во 50. минута кога Фратези погоди за 0-1. Продолжи Интер да напаѓа и да создава шанси, па така истиот фудбалер во 67. минута го постигна и својот втор гол.
FRATTESSIIIIIIIIII 1-0 pic.twitter.com/CvSZZDh0Xy
— Inter GIFS2 (@InterGIFsV2) October 30, 2024
FRATTESSII 2-0 pic.twitter.com/n3vMrQkqvl
— Inter GIFS2 (@InterGIFsV2) October 30, 2024
Конечните 0-3 ги постави Лаутаро Мартинез на десетина минути пред крајот на средбата.
Во истиот термин се играше и натпреварот помеѓу Верона и Удинезе во кој домаќините изненадија и славеа победа од 3-2 со пресврт откако на паузата имаа негатива од 1-2.
Влијание на конечниот резултат секако имаше и исклучувањето на дефанзивецот на гоститите Исак Туре во 53. минута.