Валенсија бара да се одложи мечот против Реал Мадрид

Големото невреме создаде вистински хаос во делови од Шпанија, а еден од најпогодените региони е во пределот кај Валенсија каде што загинаа најмалку 70 лица.

Шпанскиот клуб поради големата трагедија побара да се одложи натпреварот против Реал Мадрид, кој беше закажан за следниот викенд.

Валенсија реши и да помогне по големата поплава, па стадионот „Месталја“ го пренамени во складиште од каде што граѓаните ќе можат во следните денови да подигнат храна и други основни продукти.