Саинц победник во Мексико, Ферстапен заработи драконска казна и заврши шести!

Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на трката за Големата награда на Мексико.

Шпанецот го комплетираше одличниот викенд бидејќи претходно победи и во квалификациите. Зад Саинц заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека на третата позиција беше Шарл Леклер.

Трката во Мексико ја обележи инцидент во кој актуелниот лидер и трикрактен шампион Макес Ферстапен беше казнет со дури 20 скеунди за неправилно бранење на позицијата против Норис.

На крајот Холаѓанецот заврши како шести и освои вредни осум бодови во борбата за одбрана на шампионскиот пехар.

Сепак, Норис додаде 18 бодови на своето конто и ја намали разликата во генералниот пласман, па сега заостанува 47 бода зад Ферстапен на четири трки до крајот.

Наредниот викенд на програмата е трката во Сао Паоло.