Супер-волеј на Чурлинов, првенец за Македонецот во Полска (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чуирлинов денеска го постигна првиот погодок во полскиот шампионат.

Во натпреварот против Корона Чурлинов играше од првата минута, а неговиот тим славеше победа од 3:1. Голот првенец во најсилната конкуренција во Полска Чурлинов го постигна во 67. минута со кој го постави конечниот резултат.