ТФТ сигурен против Феникс, Работнички подобар од Чаир
Домаќините имаа водство само на почетокто на натпреварот до 7-5, додека во продолжение гостинскиот тим ниту еднаш не ја испушти предноста.
На одмор ТФТ замина со водство од 35-49 и така ја најави победата. Во вториот дел предноста и се зголемуваше, додека домаќинот ниту еднаш посериозно не успеа да се доближи.
Расположение беа неколку кошаркари во редовите на ТФТ, а најефикасен беше Николов со 16 поени, 12 скока и седум асистенции, го следеаа Госенс со 14 и Мекиќ со 12. На спротивната страна Митревски и Марфи постигнаа по 17.
Кошаркарите на Чаир го претрпеа првиот пораз сезонава во натпреварот со Работнички кој одигра најдобро сезонава. Клучен период беше втората четвртина во која чаирчани постигнаа само 12 поени, а Работнички 26 со што успеа да да направи пресврт.
Од тој момент гостите постојано беа во предност и на крајот запишаа заслужен триумф. Предводник на Работнички беше Полутак со 27, додека за Чаир Кели стигна до дабл-дабл од 16 поени и 12 скокови.