Тен Хаг се пожали: За позицијата на Манчестер Јунајтед ги обвини - судиите!

Манчестер Јунајтед денеска повторно ги разочара навивачите со поразот од Вест Хем од 2:1 на гостински терен.

По овој пораз навивачите и клубот од „Олд Трафорд“ реагираат за пеналот кој во гол го претворија Боувен во судиското продолжение.

Своето незадоволство на прес-конференцијата по средбата не го криеше ниту Тен Хаг.

„Пред почетокот на сезоната имаше инструкции за судиите ВАР да реагира при јасни и очигледни грешки. Ова дефинитивно не беше таква ситуација. Мораме да се погледнеме во огледало, не постигнуваме доволно голови и покрај добрата игра. Кога ќе изгубите на ваков начин тоа остава горко вкус. Некорекектен и неправеден е пеналот против нас“, изјави Тен Хаг.

Холанѓанецот и разговарал со судиите по натпреварот.

„Разговарав со нив, меѓутоа одлуката беше донесена. Не можеме да ја вратиме, таков е фудбалот. Ова е трет пораз во кој чувствувам неправда кон нас и тоа има големо влијание на нашите резултати, како и позицијата на табелата. Не е во ред“, истакна холандскиот стратег.